Аморим: Не е срамота да кажеме дека Манчестер јунајтед не е голем во мометов

by Стефан
1 минути читање

Португалецот Рубен Аморим имаше можност да го предводи Манчестер јунајтед на неколку натпревари и во тој пеирод на дело да ги види своите фудбалери.

Португалскиот стратег е свесен дека пред него е голем предизвик, но и понатаму останува реален во проценките и изјавите пред натпреварите.

„Манчестер јунајтед е голем клуб, но за жал во моментов не е голема екипа. Многумина го знаат тоа и не е срамота да го кажеме во јавноста, едноставно тоа е вистина. Тоа не значи дека ќе се предадеме и ќе се задоволиме со просеченост, напротив ќе продолжиме да работиме напорно за да го вратиме клубот таму каде што припаѓа. Проблеми е очигледно дека постојат, но ние ќе се фокусираме на деталите што ќе ни помогнат да растеме како колектив“, изјави Аморим.

Манчестер јунајтед денеска од 18:30 часот во рамките од 15. коло во Премиер лигата ќе игра натпревар против Нотингем Форест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани