62
Манчестер сити по 12 одиграни кола во Премиерлигата се наоѓа на втората позиција, но серијата лоши резултати го вклучи алармот кај актуелниот англиски шампион.
Премиерлигашот, сепак, се соочува со уште еден проблем, а тоа е можното заминување на Кевин Де Брујне кој има договор до крајот на сезоната.
„Не знам дали ќе останам во клубот. На почетокот на сезоната знаев дека требаше да почнеме преговори, но потоа се повредив и сè остана во втор план. Не сум премногу загрижен, но ќе видиме што ќе се случи. Ако наскоро не почнат преговорите, ова ќе биде моја последна сезона во клубот“, кажа Де Брујне.