Агентот потврди, ПСЖ испратил понуда до Наполи за Кварацкелија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Трансфер сагата околу Квича Кварацкелија продолжува. 23-годишниот грузиски крилен напаѓач е на раскрсница во својата кариера, да остане верен на Наполи или да направи нов чекор.

По оваа сезона дилемата на Кварацкелија стана уште поголема, бидејќи ланскиот шампион не избори европско место за следната сезона. Поради тоа, Наполи можеби и би прифатил да го продаде Грузиецот кој се проценува на околу сто милиони евра.

Се зборуваше дека интерес за фудбалерот има од Саудиска Арабија, меѓутоа нешто поконкретен е ПСЖ кој испратил понуда до тимот од Неапол.

Интересот од Саудиска Арабија за Кварацкелија не е конкретен. Постои интерес и понуда од страна на ПСЖ, но тука сè зависи од одлуката на Наполи и неговиот претседател“, изјави агентот на фудбалерот Мамука Југели.

Останува да видиме дали Наполи би ја прифатил понудата од парижани за трансферот на Кварацкелија ова лето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани