ФИФА за првпат во историјата објави ранкиг на футсал репрезентации: Македонија во топ 60

by Стефан
1 минути читање

Светскатата куќа на фудбалот (ФИФА) за првпат во својата историја објави ранкинг на национални тимови во футсал, а на овој ранкинг Македонија се најде на 58. позиција со вкупно 1019 поени.

За разлика од ФИФА ранкигот на фудбалсите селекции, сликата во футсалот е поинаква. На првото место се наоѓа Бразил со 1568 поени, потоа следи Португалија со 1527, па Шпанија е трета со 1514.

Зад нив редоследно во топ 10 се уште селекциите на: Иран, Аргентина, Мароко, Русија, Казахстан, Тајланд и Франција.

ФИФА исто така објави и ранкиг во футсал во женска конкуренција каде што Македонија нема свој тим, а и тука исто така лидер е Бразил со 1364 поени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани