Фиорентина втора година во низа ќе игра финале во Конференциската лига! (ВИДЕО)

by Стефан
2 минути читање

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во третото по ранг натпреварување во Европа, Конференциската лига. Фиорентина во вечерашното гостување кај Клуб Бриж одигра 1:1 што им беше доволно поради победата во првиот натпревар од 3:2.

Домаќините добро го започнаа натпреварот и по 20 минути успеаа да дојдат до водство со голот на Ванакен. Тој гол на Ванакен беше и една од ретките посериозни прилики кои ги видовме во првите 45 минути, Фиорентина имаше дури 10 удари кон противничкиот гол, но само еден од нив одеше во рамките од голот.

Во второто полувреме сликата на теренот не се промени многу, Италијанците продолжија да напаѓаат, но до гол стигнаа дури во завршницата. Мрежата на Клуб Бриж ја погоди Белтран од пенал.

Тој гол се покажа како доволен, а во финишот домаќините останаа и со играч помалку со исклучувањето на Одои.

Противник на Фиорентина во финалето ќе биде подобриот од утрешниот реванш помеѓу Олимпијакос и Астон Вила. Грчкиот тим тука има предност по првиот дуел со 4:2.

Ќе потсетиме, Фиорентина вторпат во низа ќе игра финале во ова натпреварување, минатата година беа поразени од Вест Хем со 1:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани