Судијата Орсато не можеше да ги задржи солзите по мечот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Италијанскиот судија Даниеле Орсато почна да плаче откако означи крај на мечот меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд, за него тоа беше последен меч од Лигата на шампионите во кариерата.

48-годишниот Орсато планира да се пензионира по крајот на Европското првенство, па синоќешниот меч од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд за него беше последен во ова натпреварување.

Орсато покажа емоции, со солзи во очите го напушти теренот.

Италијанецот има судено на 55 натпревари во Лигата на шампионите во својата кариера, вклучувајќи го и финалето од 2020 година меѓу Баерн Минхен и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани