Самир Насри откри каде Марко Ројс ќе ја продолжи кариерата

by bojan
1 минути читање
Марко Ројс

Марко Ројс по крајот на сезоната ќе ја напушти Борусија Дортмунд, а Самир Насри открива дека Германецот има намера да ја продолжи кариерта во САД.

Марко Ројс неодамна соопшти дека по 12 години заминува од „Сигнал Идуна Парк“.

Судбината сакаше негов последен натпревар во дресот на „милионерите“ да биде финале во Лигата на шампиони на Вембли откако Борусиај Дортмунд синоќа повторно го совлада ПСЖ.

По крајот на натпреварот во Париз, Самир Насри откри дека Германецот има намера да ја продолжи кариерата во САД.

„Разговарав со Марко Ројс. Ми кажа дека премногу го обожава фудбалот и нема намера да престане, има желба да се пресели во МЛС лигата“ – рече Самир Насри од теренот на „Паркот на принцовите“ работејќи како стручен коментатор за Канал+.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани