Реал Мадрид го покани Кан на Бернабеу откако тоа не го стори Баерн Минхен!

by riste
1 минути читање

Легендата на Баерн Минхен доби покана од Реал Мадрид да го гледа вечерашниот меч на Сантијаго Бернабеу, но покани не добива од својот поранешен клуб за кој даде многу.

Оливер Кан од јуни 2021 година до крајот на мај 2023 година беше извршен директор на Баерн Минхен, тој немаше најдобра разделба со клубот, па оттогаш не е присутен на мечевите на Алијанц Арената.

Според „Билд“ тој не добивал покани од Баерн Минхен да биде дел од ложата, но затоа пак Реал Мадрид направи голем гест и го повика на да следи дуелот на Бернабеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани