Во Шпанија изведен совршен пенал каков што ретко се гледа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Пеналите многумина би кажале дека се најлесниот начин да се постигне гол, меѓутоа често пати сме виделе и ситуации кога голманите отскокуваат во преден план и стануваат херои.

Сепак, така не беше во натпреварот помеѓу Елче и Аморебиета во Шпанија кој заврши со победа од 5:0 на домаќините. Овој натпревар се најде во центарот на вниманието поради пеналот кој го изведе фудбалерот Агер Акетче.

Играчот на Еибар пеналот го изведе максимално прецизно и не остави простор на голманот да се надева дека може да го запре, едноставно ударот беше неодбранлив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани