Барса на мака со засилувањето од јануари вредно 60 милиони: Нема квалитет за првиот тим а не сака позајмица

by bojan
1 минути читање
Витор Роке

„Каталонците“ се на два ума со талентираниот Витор Роке, сметаат дека младиот Бразилец нема квалитет за првиот тим и преферираат да го пратат на позајмица, но напаѓачот има други планови и ќе го напушти клубот само под еден услов.

Барселона реши да инвестира нешто над 60 милиони евра за ангажман на Витор Роке (30+31) и направи голем напор за да го донесе и регистрира Бразилецот во зимскиот преоден рок.

Но само неколку месеци подоцна, „каталонците“ имаат мака со големото засилување од јануари.

Чави и неговите соработници сметаат дека Витор Роке нема квалитет за првиот тим и најдобро е да биде испратен на позајмица, каде ќе има поголема минутажа и ќе се прилагоди на фудбалот во Европа.

Сепак, напаѓачот и неговите агенти не се сложуваат со ова, тие се убедени дека Бразилецот има се што е потребно за да се наметне на Камп Ноу.

Витор Роке во моментов не размислува за заминување на позајмица, и доколку треба да го напушти клубот, тоа ќе биде само под еден услов, односно да направи трансфер.

Неодамна, неговиот агент откри дека голем број на клубови внимателно ја следат ситуацијата на Витор Роке и се распрашуваат за напаѓачот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани