Арапските милиони ќе го натераат Далиќ да замине од клупата на Хрватска?

by Иван
1 минути читање

Хрватскиот селектор Златко Далиќ наскоро би можел да замине од репрезентацијата. 57-годишникот од 2017 година ја води селекцијата на „коцкестите“, меѓутоа сега може да тргне по арапските милиони.

Според информациите, Далиќ добил понуда од катарскиот клуб Ал Сад која може да му го смени размислувањето за хрватската клупа. Стратегот и во минатото работеше како тренер на Блискиот исток, ги водеше екипите на Ал Аин, Ал Хилал и Ал Фаисали, додека во Европа работеше во Славен Белупо, Ријека, Вартекс и Динамо Тирана.

Се очекува Далиќ да замина од клупата на Хрватска по крајот на Европското првенство. Тој со репрезентацијата направи голему успеси, стигна до сребро на Светското првенство во 2018 година, а четири години подоцна дојде до третото место. Сепак, веќе некое време се споменува заминување од клупата на репрезентацијата, иако има договор до јули 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани