Ал Келаифи за иднината на Луис Енрике: Сериозни ли сте со ова прашање? Разбирате ли малку фудбал?

by riste
1 минути читање

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи вели дека нема намера да прави тренерска смена, тој е презадоволен од Луис Енрике, а проектот е долгорочен.

По поразот од Дортмунд, Ал Келаифи беше запрашан за иднината на Луис Енрике.

„Дали сте сериозни со ова прашање? Искрено, дали разбирате малку фудбал?“, реагираше Ал Келаифи.

„Ние градиме долгорочен проект со најмладиот состав во Европа, иднината ќе биде светла. Ќе продолжиме како сега“.

Тој е разочаран од поразот, смета дека незаслужено се елиминирани.

„Ние сме многу, многу разочарани со резултатот. Тажни се разбира, но мислам дека заслуживме повеќе“.

„Фудбалерите, тренерот, дадовме се од себе. Навивачите искрено беа фантастични“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани