Звучи неверојатно, Арсенал по 39 години слави кај Брајтон, Лаказет влезе и донесе победа (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Арсенал со победа
ја заврши 2020, избраниците на Артета вечерва славеа против Брајтон со
минимални 0-1. Мечот го реши Александре Лаказет, Французинот влезе во второто
полувреме, на теренот помина 21 секунда и со првиот допир ја смести топката во
мрежата.

Звучи
неверојатно, но ова беше прва лигашка победа на „топчиите“ кај Брајтон по 1981
година.

На останатите
мечеви од 19 часот, Барнли со 1-0 го победи Шефилд јунајтед, Саутемптон одигра
0-0 против Вест Хем, а Лидс со 0-5 славеше кај ВБА. На тој натпревар стрелец
беше и нашиот Алиоски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×