Ѕвездата на Холандија реши да остане на Светско и покрај тоа што го загуби нероденото дете

by bojan
1 минути читање

 „Лалињата“ беа потресени од трагична вест во пресрет на нок-аут фазата на Светското првенство, напаѓачот на Ливерпук, Коди Гакпо и неговата партнерка Ноа ван дер Биј го загубија бебето што го очекуваа.

Холандија лошо го отвори мундијалот во САД, но потоа забележа две победи против Шведска и Тунис и атмосферата во репрезентацијата се подигна на високо ниво.

Но во пресрет на нок-аут фазата и пресметката со Мароко, „лалињата“ беа потресени од трагична вест.

Коди Гакпо и неговата партнерка Ноа ван дер Биј објавија дека го загубиле бебето што го очекуваа.

„Со скршени срца ве известуваме дека го загубивме нашето бебе за време на бременоста“ – напиша Ноа ван дер Биј.

Подоцна се огласи и самиот Гакпо, кој им се заблагодари на сите за пораките со поддршка и замоли за разбирање и приватност додека семејството се справува со оваа огромна загуба.

Иако минува низ еден од најтешките моменти во животот, Гакпо по разговор со својата партнерка решил да остане со Холандија и да продолжи да настапува на Светското првенство. Федерацијата соопшти дека ќе направи сè за да го заштити од дополнителен медиумски притисок и да му овозможи мир во овие тешки денови.

ФОТО: X/OnsOranje

Можно е и ова да ти се допаѓа

×