Ѕвезда на Парагвај се повреди непосредно пред СП, теренот го напушти во солзи (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Парагвај ја совлада Никарагва со убедливи 4-0 во пријателски натпревар, но победата беше засенета од повредата на Хулио Енсисо.

Офанзивецот се повреди во 24. минута при трка по длабинска топка, по што падна на тревникот држејќи се за ногата. Тој беше изнесен на носилки, а солзите на неговото лице предизвикаа стравувања за посериозна повреда.

По дополнителните прегледи и магнетна резонанца ќе биде познато колку време ќе отсуствува, а постои можност да го пропушти и Светското првенство.

Парагвај на Мундијалот ќе игра во групата Д заедно со САД, Турција и Нов Зеланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×