245
Во 90. минута Кеси постигна гол за израмнување против Наполи, но по прегледување на снимката судијата го поништи поради офсајд од Жиру иако тој не ја допре топката.
Жиру имаше дуел со Жуан Жесус кој вели дека поради тоа не успеал добро да ја расчисти ситуацијата по што Кеси постигна гол.
„Правилата се јасни. Жиру не ми дозволи да играм со топката како што треба и да ја исчистам. Јасно е ситуацијата. Не е лесно да играте кога имате фудбалер до вас, особено Жиру кој не е мал“, вели Жуан Жесус.
„Направив се што можев во тие околности, но правилата се јасни и мора да се почитуваат“.