63
Избраниците на Клоп им се вратија на победите во Премиерлигата и одново славеа на гости, вечерва со 0-1 триумфираа на Молињу.
Диого Жота погоди „против“ своите и донесе три бода за Ливерпул.
Клучниот момент на мечот се случи во судиското надополнување на првиот дел, Мане, Салах и Жота убаво комбинираа за Португалецот да ја затресе мрежата. Голот оди и на душа на голманот Руи Патрисио кој мораше подобро да реагира.
Мечот сепак е во сенка на страшната повреда на Руи Патрисио. Голманот во финишот од мечот имаше судир со соиграчот Коуди во намерата да го спречат Салах да постигне гол, доби удар во главата/вратот и му се укажуваше помош повеќе од десет минути, за на носилки да го напушти теренот.