Во финалето од
Лигата на нации, на дуелот помеѓу Шпанија и Франција, судиите го признаа голот
на Килијан Мбапе иако беше јасно дека Французинот е во офсајд. Судијата тогаш
се правдаше дека Ерик Гарсија играл со топката, па се смета за нова акција.
Иако сето ова
делува нелогично бидејќи Гарсија игра со топката за да спречи таа да не дојде
до Мбапе, УЕФА потенцираше дека судијата само доследно ги почитувал правилата.
Но вечерва за
иста ситуација се реагираше сосема спротивно. На мечот помеѓу Шахтар и Реал
Мадрид, гостите поведоа со автоголот на Кривцов. Лукас испрати топка во фор за Бензема,
а дефанзивецот на домаќините во намера да спречи гол шанса, несреќно си ја
затресе сопствената мрежа.
Доколку се следи
логиката од финалето во Лигата на нации, позицијата на Карим Бензема не треба
да се земе во предвид бидејќи Кривцов тргна со намера кон топката. Но ВАР црташе
линии и проверуваше дали Карим Бензема е во офсајд, и откако се утврди дека позицијата
е регуларна, голот беше признат.
Доколку голот
беше поништен поради офсајд, Шпанците сигурно ќе имаа што да кажат откако
останаа без трофејот во Лигата на нации поради спорниот погодок на Мбапе.