Доколку денеска не добие негативен тест и во последен момент не отпатува во Лондон, Карло Анчелоти од дома ќе го гледа мечот на Реал Мадрид против Челси, а тимот ќе го води неговиот син Давиде кој му е прв помошник.
32-годишниот Давиде Анчелоти ја почна кариерата како фитнес тренер во ПСЖ и Реал Мадрид следејќи го својот татко, во 2016 беше промовиран во асистент тренер во Баерн Минхен.
Иако тој е опишан како искрен, интелигентен и сензитивен човек, некои од фудбалерите не се негови големи фанови бидејќи сметаат дека Давиде водел премногу тренинзи, повеќе отколку што треба.
Она што не му се препишува како позитивна карактеристика е тоа што бил премногу близок со фудбалерите, често одел на вечера со нив, му се замерува дека наместо да биде професионален, тој создавал пријателства со играчите кои можат да влијаат на неговите одлуки.
Малиот Анчелоти успешно го водеше Реал Мадрид до победа против Селта, но вечерва ќе има многу поголем притисок. Некои стравуваат дека неговото неискуство може да допринесе да не се справи со притисокот кој го носи тежината на овој натпревар, но и атмосферата на Стемфорд Бриџ.
Како и да е, ова ќе биде голем меч за Давиде Анчелоти, за неговата тренерска кариера.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.