На 14 декември во Саудиска Арабија ќе се одржи Марадона куп по повод една година од смртта на Диего Марадона.
Барселона и Бока Јуниорс како поранешни клубови на Марадона ќе учествуваат на купот, но не и Наполи.
За многумина е изненадување неучеството на Наполи со оглед на поврзаноста на Марадона кон овој клуб кој го именуваше и стадионот по него.
Аргентинските и италијанските медиуми пишуваат дека има две причини за неиграњето на Наполи на овој куп.
Првата е распоредот на натпревари кои го има Наполи што го комплицира патувањето во Саудиска Арабија во средина на декември.
Второ, финансиите. Наводно, Наполи побарале 5 милиони евра за да учествуваат. Барселона и Бока добиле по 1 милион евра, толку му било понудено и на Наполи, но Де Лаурентис барал 5 милиони, организаторот не прифатил.