Зошто Нандез одби трансфер во Јувентус?

by
1 минути читање

Уругвајскиот репрезентативец, Нандез беше пред трансфер во Јувентус во јануарскиот преоден рок, но одлучил да не се пресели таму.

„Тој е еден од нашите најдобри фудбалери“, вели директорот на Каљари, Капозука.

„Тој е амбициозен фудбалер и сака да игра во европските натпреварувања, иако сакам да потенцирам дека тоа тој никогаш не го кажал отворено“.

„Не е вина на Каљари што тој не се пресели во Јувентус. Нандез не сакаше да оди таму бидејќи понудата беше позајмица со опција да биде откупен. Тој рече: Доколку навистина ме сакаат ќе одам, но не вака“.

„Тој ќе прифатеше позајмица со обврска да биде купен, а не со опција да биде купен. Тој е уверен дека може да игра за топ клуб во Европа, но е среќен и тука“.

„Рома никогаш не прашала за него, додека Наполи не може да си го дозволи во моментов“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×