Во недела се
среќаваат двата лути ривали, Мачестер јунајтед го пречекува Ливерпул, во меч во
кој трите бода се од големо значење за двата тима. „Ѓаволите“ се борат со
Арсенал и Челси за топ четири пласман а „црвените“ со Манчестер Сити за
титулата во Премиерлигата.
Во пресрет на
големото дерби, Скај Спортс пренесе интересна сторија. Денеска теренот на Олд
Трафорд бил прскан со лук. И пред некој да помисли дека ова е некоја валкана
тактика, Скај Спортс вели дека за оваа практика има логично објаснување.
Лукот ги спречува
паразитите да ја оштетат тревата и Манчестер јунајтед, како и уште неколку други
клубови од Премиерлигата, ја користат оваа техника барем еднаш неделно во
последните пет години.
Течноста се
нанесува спорадично, но новинарот на Скај Спортс вели дека и покрај тоа внатре
на Олд Трафорд мириса прилично силно. Доколку има ветер, мирс на лук се осеќа и
на 600 метри од стадионот. Но овој мирис треба да исчезне пред скапите
фудбалски ѕвезди на Манчестер јунајтед и Ливерпул да истрчаат на теренот во
недела.
They’ve had a stinker! @ManUtd have been spraying garlic on the Old Trafford pitch ahead of their huge clash with @LFC on Sunday.
Why do @ManUtd use garlic on the Old Trafford pitch? https://t.co/4VLqBwaZ6Y pic.twitter.com/t1jLQ3t43S
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 22, 2019