Зошто Манчестер јунајтед го купи Ван де Бек?

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед плати 50 милиони евра за ангажман на Дони ван де Бек од Ајакс, но сезоната минута а тој никако да добие реална шанса за настап.

„Жал ми е за него, не ми е гајле за кој фудбалер се работи, но ако играш две минути тука, три минути таму, не можеш да покажеш некој перформанс без разлика на кое ниво играч си“, вели Фердинанд.

„Мислам дека не му е дадено доволно време за да оцениме и да речеме дека не е добар, бидејќи никогаш не бил во позиција да врзе серија натпревари“.

„Навистина ми е жал за него но интересно би било да слушнеме што му било кажано кога прифатил да потпише, мислам дека не би прифатил да дојде тука доколку му кажале дека ќе има толку настапи“.

„Го гледав во Лигата на шампионите за Ајакс кога стигнаа до полуфиналето, беше импресивен, можеше да игра на повеќе позиции. Мислам дека би можел да биде значаен играч за овој тим на Манчестер јунајтед“.

„Тој знае да креира голови. Но за да го прави тоа би требало да игра на позицијата на Бруно Фернандеш, а тоа нема да се случи. Дали може да игра на позиција 8 или 6? Мислам дека може, тој е интелегентен“.

„Фудбалерите кои потекнуваат од Ајакс се интелегентни играчи, можат да играат на повеќе позиции“.

„Ваквиот негов статус го поставува прашањето, зошто Манчестер јунајтед го купи него?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани