Дани Алвес, Феран Торес, Адама Траоре и Пјер-Емерик Обамејанг се новите фудбалери на Барселона, Чави можеше да регистрира само тројца од нив за нокаут фазата од Лига Европа.
Тој лично му соопштил на Дани Алвес дека тој ќе биде фудбалерот кој нема да настапува во Лига Европа.
Каталонскиот весник „Спорт“ се обидува да ги најде причините за изборот на Чави.
За Обамејанг и Торес нема дилеми дека треба да бидат во составот за ЛЕ, но што му даде предност на Адама Траоре пред Алвес.
Пред се тоа се годините. Адама Траоре е помлад и има многу повеќе енергија, за разлика од 38-годишниот Алвес кој тешко би можел да издржи паралелно играње на два фронта.
Натпреварите од домашното првенство се исклучително важни за Барселона, па Чави нема луксуз да си дозволи да штеди фудбалери за да има свеж тим за Европа.
Друга причина е разновидноста која може да ја понуди Адама Траоре, фактот што може да настапува на повеќе позиции. Додека на позицијата десен бек Чави го има Дест, а опции се и Араухо, па можеби и Мингуеза.
Веројатно Дембеле нема да заигра веќе за Барселона, па може и тоа да биде причината што Чави решил да одбере поофанзивен фудбалер, наместо бек.
Барселона ќе има сериозна задача во Лига Европа, противник им е тимот на Наполи.