Лисандро Мартинез вчера беше исклучен на натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Лидс, на многумина не им се допадна одлуката, но за жал правилата го налагаат тоа.
ВАР често е критикуван, па така беше и вчера, Лисандро Мартинез доби контроверзен црвен картон на пресметката помеѓу Манчестер јунајтед и Лидс.
Тренерот Мајкл Керик рече дека ова е една од најлошите одлуки кои ги видел, а со слично мислење излезе и Џејми Карагер, како и многу други стручни коментатори.
Сепак, одлуката е исправна, причина за ова е новата директива која важи за сезоната 2025/26.
Според новите насоки, судиите мора строга да го казнуваат секое влечење за коса, тоа се смета за неспортски потег и автоматски се третира како насилно однесување за кое мора да се покаже црвен картон.
Фактот што судијата Пол Тирни долго ја прегледуваше снимката покажува дека се двоумеше, бидејќи контактот беше минимален и се случи по еден воздушен дуел, но според важечките насоки, тоа не игра улога при донесувањето на одлуката.
За црвениот картон, Лисандро Мартинез ќе добие три натпревари суспензија, и ова нема да се промени дури и Манчестер јунајтед да поднесе жалба, едноставно правилата тоа го налагаат и нема простор за дополнително толкување.