Жоржињо достапен за 50 милиони евра

by
1 минути читање

Жоржињо со Челси
сезонава оствари значаен успех со пласманот во големото финале од Лигата на
шампионите каде ќе ги одмери силите со Манчестер Сити, а неговиот агент потврди
дека би биле отворени за разговори за евентуално враќање во Наполи, или
трансфер во Милан.

Фудбалерот на
Челси е достапен на трансфер пазарот за 50 милиони евра, потврди Жоао Сантош во
изјава за „Радио Кис Кис“, меѓутоа се чини дека Неапол е примамлива дестинација
за фудбалерот.

Тој би сакал да
се врати во Италија, меѓутоа јас мислам дека тоа би можело да се случи за
неколку години, а не сега
“ изјави Сантош, кој подвлече дека Неапол е омилено
место на Жоржињо.

Тој го сака
Неапол, помина прекрасни години таму, меѓутоа во моментов треба да размисли што
е најдобро за неговата кариера, тој се уште има договор со Челси
“ додаде
агентот.

Што се однесува
пак до Милан, доколку Жоржињо го напушти Челси, со понуда вредна 50 милиони
евра, како и договор сличен на оној кој го има во моментов во Челси, тогаш тој
би размислил за тоа
“ заклучи Сантош.

Жоржињо сезонава за Челси одигра 24 натпревари, на кои потигна шест погодоци, а запиша и една асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×