Фудбалерот од
средниот ред на Челси, Жоржињо даде искрено мислење во однос на неговиот
поранешен тренер Френк Лампард, нагласувајќи дека ја презел големата
одговорност на себе мошне рано како тренер.
„Видете, ќе бидам
искрен во однос на Лампард, јас верувам дека, со оглед на тоа што е легенда на
Челси, тој прескокна некои чекори кои се неопходни да ги научите пред да
станете тренер на голем клуб“ изјави Жоржињо за „ЕСПН“.
„Тој дојде во
клубот каде е легенда, без претходно искуство во други клубови, јас сметам дека
сето тоа се случи мошне рано за него, тој прескокна многу чекори кои беа пред
него и не беше подготвен за таа работа на едно такво ниво, морам да бидам
искрен на таа тема“ додаде тој.
Лампард си замина
од Челси во јануари годинава откако го запиша најлошиот учинок како тренер на
Челси во ерата на Роман Абрамович.