Жоржињо бил лажно позитивен на ковид-19

by
1 минути читање

Предводникот на
Челси, Томас Тухел ќе може да здивне по големите проблеми кои го снајдоа
неговиот тим со позитивни случаи на ковид-19, откако пристигна потврда дека
Жоржињо бил лажно позитивен на вирусот.

Со тоа фудбалерот
од средниот ред ќе биде во можност за настап уште во Карабао купот против
Брентфорд, а ова е барем за момент мала светлина од тунелот за Челси кој
пријави дури седум заразени со ковид-19, а од Премиерлигата не излегоа во
пресрет за нивното барање да се одложи мечот со Вулверхемптон.

Дека Тухел имаше
многу проблеми во својот ростер доволно говори фактот што Н
Голо Канте мораше да игра и повреден на „Молењу“
изминатиов викенд, но Французинот сега ќе биде во фаза на рехабилитација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×