Жоржињо бил близу до трансфер во Јувентус

by
1 минути читање

Агентот на
фудбалерот на Челси, Жоржињо, потврди дека италијанскиот прволигаш Јувентус се
обидел да го ангажира под кормилото на Маурицио Сари, со кого имаа одлична
соработка во Наполи претходно.

Периодот кога
Сари беше тренер на Јувентус, постоеше можност Жоржињо да потпише за тој клуб

изјави агентот Жоао Сантош за „Радио Бјанконера“.

Директорот на
Јувентус имаше пристап до нас, постоеше можност да се реализира тој трансфер

додаде тој во изјавата, а подвлече дека се надева Жоржињо ќе се врати во Серија А, што за фудбалерот е голема желба, особено по евентуално освојување на претстојниот Мундијал.

29 годишниот Жоржињо
има активен договор со Челси до 2023 година, а се верува дека е близу враќање
во Серија А. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани