Агентот на
фудбалерот од средниот ред на Челси, Жоржињо не ја отфрла можноста за враќање
на неговиот клиент во Наполи претстојново лето, меѓутоа додава дека тој сега е
мошне важен дел од составот на Челси, подвлекувајќи дека ужива во специјалните
моменти под кормилото на Томас Тухел.
29 годишниот
италијански репрезентативец се приклучи на Челси по трансферот од Наполи во
2018 година, а се шпекулираше дека заедно со тренерот Маурицио Сари би можеле
во пакет да се вратат во италијанскиот прволигаш.
Како и да е,
говорејќи за „Радио Марте“ од Наполи, агентот Хорхе Сантош обзнани како стои ситуацијата
со неговиот клиент.
„Постојат многу
гласини и шпекулации за неговата иднина, особено со Наполи, клуб каде имаше
прекрасни моменти од својата кариера“ изјави Сантош.
„Но, ова се
специјални моменти за него сега, тој е мошне важен дел од тимот на Челси, но
ние размислуваме околу можното враќање во Серија А доколку си замине од Челси“
додаде тој.
„Доколку Наполи
испрати понуда, во тој случај ние секако ќе ја разгледаме, тој имаше прекрасни
моменти во Наполи, има многу пријатели таму“ заклучи Сантош.