724
Атлетико Мадрид синоќа одигра само 0-0 против Билбао. Жоао Феликс во игра влезе во 60. минута, а само 18 минути подоцна беше исклучтен поради два жолти картони заработени за неколку секунди.
Судијата му даде жолт картон поради удар со лакт врз противнички играч, но Феликс му дофрли нешто на судијата кој поради тоа му покажа уште еден жолт и автоматски црвен картон.
Шпанските медиуми пишуваат дека младиот фудбалер на судијата му рекол дека е луд, а Ла Лига не толерира навреди кон судиите.
Се верува дека Феликс може да добие голема суспензија, според некои и до 12 натпревари.