Знаете ли кој е „крал на испаѓањето“ во Ла Лига?

by 24 фудбал
1 минути читање

Дарвин Мачис можеби не е најгласно име во светскиот фудбал, но има респектабилна кариера зад себе – 52 настапи за Венецуела и настапи во Италија, Португалија и Шпанија, меѓу другото и во Удинезе.

Но, 32-годишното крило на Валјадолид ќе остане запаметен по нешто друго – како рекордер по број на испаѓања од Примера во низа. Откако синоќа неговиот тим доби „петарда“ од Бетис и се врати во Сегунда, Мачис испадна по четврти пат по ред од елитата!

Со Ваљдолид тоа му се случи двапати, а претходно испаѓаше и со Гранада и Кадис. Со овој „успех“, се изедначи со Аргентинецот Хорхе Роберто Лараса, кој исто така има четири испаѓања во низа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани