Десет фудбалери си ја пробаа среќата со бројот 9 откако Пипо Инзаги се пензионираше во 2012, но сите тие завршија неславно.
Криштов Пјонтек, Гонзало Игуаин, Андре Силва, Џанлука Лападула, Луис Адриано, Фернандо Торес, Матиа Дестро, Алесандро Матри, Александре Пато и Марио Манџукиќ го носеа дресот со број 9 после Инзаги, и никој од нив не успеа да ги исполни очекувањата.
Поради тоа во јавноста почна да се зборува дека дресот со бројот 9 е проколнат.
Жиру постигна четири голови на последните два натпревари помагајќи му на Милан да победи во дерби мечевите против Интер и Лацио.
Французинот досега постигна десет голови во сите натпреварувања, Милан е задоволен од неговите настапи, особено во последно време се промовира како важен играч, па веќе може да се каже дека проклетството на бројот 9 е минато.