Зијеш брзо ја „спука“ со Галатасарај: Не сум сретнал полош тренер од Бурук, не сакам да играм повеќе тука!

by bojan
1 минути читање
Зијеш

Хаким Зијеш најави дека заминува од Галатасарај во јануари, се кае што се преселил во Истанбул и додава дека нема видено полош тренер од Окан Бурук.

Хаким Зијеш беше еден од главните играчи на тимот на Ајакс кој беше хит во Лигата на шампионите во сезоната 2018/2019, кога ги елиминираа Реал Мадрид и Јувентус, и секунди ги делеа до финале против Ливерпул.

Мароканецот направи трансфер во Челси вреден околу 40 милиони фунти, но не се снајде најдобро на „Стемфорд Бриџ“, па минатата сезона беше испратен на позајмица во Галатасарај.

Откако имаше солидна сезона во „жолто-црвениот“ дрес, тој направи перманентен трансфер, но сега пукна тиквата по само неколку месеци.

„Веќе ги информирав директорите на Галатасарај дека ќе го напуштам клубот во јануари. Никогаш не сум сретнал полош тренер од Окан Бурук. Воопшто не ме интересира што ќе се случува понатаму, за мене Галатасарај е завршена работа“ – вели Зијеш.

„Не сакам повеќе да бидам дел од клубот, заминувам во јануари. Се каам што се преселив тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани