Зијеш на 28 години објави крај на репрезентативната кариера

by
1 минути читање

Ѕвездата на
Челси, Хаким Зијеш јавно обелодени дека нема намера да се врати во националниот
тим на Мароко, а сево ова доаѓа по војната на зборови со селекторот на таа
репрезентација, Вахид Халилхоџиќ.

Тоа е моја
конечна одлука, нема да се вратам во националниот тим, главниот фокус ќе го
ставам на клубот, целосно ми е јасно како функционираат работите во
репрезентацијата, а на крајот на денот, сепак, одлуките на селекторот се
негови, мораме да ги почитуваме, а сите лаги кои произлегуваат од тоа само ми
ставија јасно дознаење дека назад нема
“ изјави Зијеш.

Сите можеа да
увидат што се случуваше изминатиов период, тажен сум, чувствувам големо жалење
за навивачите но ова е моја конечна одлука
“ додаде ѕвездата на Челси.

Зијеш беше
изоставен од составот на Мароко за Африканскиот куп на нации, а по
елиминацијата на таа репрезентација Халилхоџиќ јавно порача дека фудбалерот на
Челси нема да е добредојден во тимот дури и во случај неговото име да е Лионел
Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×