Зијеш и Хадсон-Одои две седмици вон комбинација за настап поради повреда

by
1 минути читање

Двоецот Хаким
Зијеш и Калум Хадсон-Одои ќе биде вон терените две седмици поради повреда,
меѓутоа шефот на стручниот штаб на Челси, Франк Лампард е убеден дека ќе се
вратат подготвени пред бурниот распоред кој претстои токму тој период.

Зијеш беше принуден
да го напушти теренот во победата против Лидс на домашен терен со 3-1 и одигра
само 29 минути од таа пресметка, а што се однесува пак до Хадсон-Одои, тој се
здобил со повреда на тренинг во пресрет на вчерашниот меч со Краснодар во Лигата
на шампионите кој заврши со реми и резултат 1-1.

Двајцата ќе
бидат во аут околу две седмици, тие во текот на вчерашниот ден имаа детални
медицински прегледи околу нивните повреди, а првично е утврдено дека ќе
отсуствуваат околу две седмици
“ изјави Лампард.

Од тоа што го
знаеме засега, повредата на Зијеш не е од сериозен карактер, а за Хадсон-Одои
немаме претстава што да очекуваме, се работи за повреда со која се здоби за
време на тренинг пред неколку денови
“ додаде тој.

Со тоа, Зијеш и Хадсон-Одои ќе ги пропуштат дуелите со Евертон, Вулверхемптон и Вест Хем во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани