Зидан за можноста да стане тренер на Јувентус: Италија ми е во срцето, поминав пет години во Торино, но…

by
1 минути читање

Јувентус ќе се раздели со Пирло без разлика дали тоа ќе биде во текот на сезонава или по нејзиното завршување. Зинедин Зидан е тренерот кој фановите на Јуве најмногу го посакуваат за следен тренер.

По вчерашниот меч тој беше запрашан за гласините кои го поврзуваат со Јувентус.

„Италија ми е во срцето, поминав пет години во Торино и Јувентус, тој клуб се уште е важен за мене. Но сега сум тука“, изјави Зидан.

Тој е задоволен од изданието на Реал Мадрид против Ливиерпул.

„Се чувствувам одлично, но со измешани емоции. Одигравме одличен натпревар, со потешкотии на почетокот од второто полувреме. Но одигравме многу добар меч и горд сум на сите, не е лесно, ова е Лига на шампионите. Реваншот нема да биде лесен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани