157
Реал Мадрид е во полуфиналето од Лигата на шампионите откако го помина Ливерпул, кралскиот клуб по победата на Барселона дојде на само бод до врвот во Примера, па финишот од сезоната ветува за тимот на Зидан.
„Се знаеше дека ќе биде тешко, очекувавме многу силен Ливерпул во првите 15 минути. Тоа е нормално, тие се четвртфиналисти во Лигата на шампионите. Но на крајот се квалификувавме и среќни сме“, вели Зидан.
„Сите сме заедно, овој тим секогаш сака повеќе. Се уште ништо не сме освоиле, но живи сме и во двете натпреварувања“.
„Сега треба да уживаме во победата, а потоа ќе мислиме на Челси. Горд сум на тоа што го правиме, но уште ништо не сме освоиле“.