168
Реал Мадрид без титула ја заврши оваа сезона. Силни беа шпекулациите дека Зинедин Зидан ќе си замине од клубот бидејќи чувствува физички и психички замор.
Но по денешниот меч против Виљареал, францускиот стратег вели дека се уште нема донесено одлука.
„Нема веднаш да донесам одлука за мојата иднина. Во наредните денови ќе зборувам со клубот и потоа ќе видиме“, изјави Зидан по денешниот меч.
Реал Мадрид ќе ја почека неговата конечна одлука, а ако тој реши да замне, Масимо Алегри е фаворит за негов наследник, но тука е и Раул.