Реал Мадрид со
пораз од Шахтер на домашен терен со 2-3 ја стартуваше новата сезона во групите
од Лигата на шампионите, а фаворитот имаше негатива од дури 0-3 уште по првите
45 минути игра на „Сантијаго бернабеу“.
Медиумите веќе
шпекулираат дека претстојното „Ел класико“ викендов ќе биде пресуден за
иднината на Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот гигант, кој по мечот синоќа
подвлече дека се чувствува способен, а воедно има капацитет во себе да го реши
сето тоа што се случува со неговиот тим.
„Се гледам себе
си како способен, а воедно чувствувам и дека поседувам капацитет да го решам
сево ова, токму тоа ќе се обидам да го сторам“ рече Зидан, чиј тим ланската
сезона беше елиминиран уште во првата рунда од нокаут фазата.
„Фудбалерите исто
така ќе се обидат, ќе пронајдеме солуција за оваа ситуација, сега ни
преостанува добро да се подготвиме за дуелот во сабота, односно гостувањето кај
Барселона“ додаде Французинот кој се соочува со голем притисок за својата
позиција.
Тоа што е
дополнително болно од синоќешната пресметка за „Кралевите“, е фактот што на
Шахтер му недостасуваа дури десет фудбалери поради коронавирус.