Зидан по критиките за Јовиќ: Тука има голема конкуренција, зошто да бидам критикуван…

by
1 минути читање

Францускиот
фудбалски стратег од клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изминатиов период е
мета на повеќе критики, а најмногу поради перформанските на Лука Јовиќ, како и
Ашраф Хакими во Интер, односно Серхио Регилон во Тотнем.

Посебно се постави
дилема околу Јовиќ кој се врати во Ајнтрахт Франкфурт на шест месечна
позајмица, а 23 годишниот српски напаѓач постигна два гола уште на првиот меч.

Среќен сум
поради тоа, ми се допадна, им посакувам на сите најдобро
“ порача Зидан.

Но, во Реал
Мадрид е комплицирано, тоа го искусив и како фудбалер, а Лука мораше да си
замине за да игра
“ додаде Французинот кој смета дека не направил ништо погрешно
за да биде критикуван.

И натаму сметам
дека беше добар потег да се ангажира Јовиќ, среќен сум поради таа одлука, се
надевам дека тоа издание ќе го повтори и кај нас кога ќе се врати, тој има
добра иднина пред него, истото важи и за останатите, тука секогаш постои силна
конкуренција, но тренерот нема никаква вина за да се критикува
“ заклучи Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×