Зидан направи споредба со Фергусон и ги зголеми шпекулациите за негово заминување од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Реал Мадрид оваа сезона игра променливо, сепак секогаш кога е под притисок доаѓа до потребниот резултат. 

По синоќешната победа над Менхангладбах се веруваше дека гласините за заминување на Зидан ќе прекинат барем на некое време, но со една изјава тој сам им додаде масло.

„Никогаш нема да биде Сер Алекс Фергусон на Реал Мадрид, тоа е сигурно“, Зидан алудура дека нема да биде долго тренер на кралскиот клуб, Ферги беше 20 години на клупата на Јунајтед.

„Не знам колку долго ќе останам тука, не размислувам на тоа“.

„Многу сум среќен што сум во овој клуб и сакам кога сум среќен дури и во најтешките моменти… живеам во Шпанија, во Мадрид, веќе долго време и сакам да продолжам така“.

Во сабота во рамките на Примера се игра големото градско дерби меѓу Реал и Атлетико Мадрид.

Атлетико Мадрид е прв на табелата во Примера со шест бодови повеќе од Реал Мадрид кој е четврти, но тимот на Симеоне има и меч помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани