Зидан ќе биде следен селектор на Франција?

by
1 минути читање

Се шпекулира дека голема желба на Зидан е да го преземе кормилото на француската репрезентација. Сега е слободен тренер, Франција доживеа неуспех, па многумина сметаат дека ова е моментот.

Во интервју за француските медиуми, претседателот на Француската фудбалска федерација, Ле Грет, проговори и за можноста Зидан да биде нов селектор.

„Мислам дека тој секогаш се става во позиција да биде слободен кога Франција ги завршува натпреварувањата. Тој е човек кој ми се допаѓа. Ние нема да ја разгледуваме неговата кариера како играч и тренер, Зидан еден ден ќе стане селектор на Франција. Кога ќе биде тоа? Не знам. Денеска немам вести…“, изјави Ле Грет.

Се верува дека со настапот на ова ЕП завршува ерата на Дешам, не само затоа што Франција беше елиминирана во осминафиналето од Швајцарија, туку стратегот се потешко се справува со големото его на ѕвездите во репрезентацијата. Особено на Килијан Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×