Зидан има три услови за да седне на клупата на Челси

by
1 минути читање

Зинедин Зидан
наводно поставил три услови за да го преземе кормилото на Челси, каде под
огромен притисок е Маурицио Сари, пишува Сан.

Се шпекулира дека
првиот услов е да се реши прашањето со првата ѕвезда на тимот, Еден Азар,
односно, Белгиецот да потпише нов договор со што би станал централна фигура во
тимот.

Втората причина е
клубот да овозможи цели 200 милиони фунти за засилување на составот, а воедно
третата кореспондира со претходната, Французинот сака целосна контрола во
одлуките за посакуваните трансфери, а со тоа неговиот глас да биде над оној на
директорката на клубот, Марина Грановскаја.

Зидан моментално
е без ангажман, подолг период се поврзуваше со клупата на Манчестер јунајтед, и
натаму е кандидат за тоа столче, каде со голем успех моментално работи Оле
Гунар Солскјер, но, не се исклучува ниту опцијата Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани