Одегард игра одлично во Арсенал и лондонскиот клуб сака да го задржи уште една сезона на позајмица или комплетно да го откупи.
Според „Фудбал Инсајдер“ шансите на топчиите се зголемуваат бидејќи на Реал Мадрид ќе му требаат пари за нови трансфери, а Зинедин Зидан нема намера да го игра Одегард.
Францускиот стратег му соопштил на раководството на Реал Мадрид дека не планира Одегард да биде дел од стартниот тим и тој може да биде продаден.
Реал Мадрид ќе собира пари за високи цели како Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд, па се очекува да се ослободат од неколку фудбалери.
Арсенал ќе биде во пол позиција по потписот на Халанд, но нема да биде едноставно, можно е топчиите да се соочат и со конкуренција на трансфер пазарот. Сепак засега никој друг не се поврзува со Норвежанецот.