Рајо дочека да го победи гоелмиот Реал во првенството. По 22 години, вечерва „кралевиет“ беа фрлени на колена. Па Зинедин Зидан не го криеше разочарувањето и истакна дека тие не прикажале ништо цел натпревар.
„Не сторивме ништо, од првата минута па се до последната минута. Некогаш едноставно не можете да погодите, но вечерва не прикажавме ништо. Бесен сум бидејќи изгледавме лошо. Но не се само играчите виновни, и јас сносам одговорност“ – вели Французинот.
„Се беше погрешно, како одигравме, како се однесувавме. Ништо не прикажавме. Ниту во дуел играта, ниту трчавме, ништо. На Рајо им беа потребни бодовите и успеаја, одиграа како што требаше“.
„Секогаш ги бранам моите играчи… но вечерва не можам. Тоа е ралноста, не можеме да играме вака. Но повторувам, не се само тие виновни, и јас погрешив некои работи“.