По убедливите 3-0 во Белград, се очекуваше српскиот шампион да нема поголеми проблеми на реваншот, но Викторија Плзен одигра одличен натпревар и со спектакуларен пресврт се пласираше во главната фаза од Лигата на Европа победувајќи со 5-1 по продолженија.
Домашните поведоа уште во осмата минута преку Аду, но радоста кратко траеше. Само три минути подоцна Иваниќ го израмни резултатот и ја смири Звезда.
Плзен можеше повторно да поведе на почетокот на второто полувреме, откако доби пенал, но Аду не успеа да реализира во 52. минута.
Само една минута подоцна ситуацијата за гостите дополнително се искомплицира. Букари доби директен црвен картон, па Црвена звезда остана со десет фудбалери.
Чешкиот тим продолжи да напаѓа и во 58. минута доби уште еден удар од белата точка. Овојпат Висински ја презеде одговорноста и погоди за 2-1. По нешто повеќе од еден час игра, Хросовски го постигна третиот гол за Плзен, со што домаќините дојдоа на само еден погодок од продолженија.
Тој гол дојде во последните секунди и тоа повторно пенал,. Домашниот состав третпат во натпреварот доби најстрога казна откако голманот на чешкиот тим беше фаулиран. Кабонго реализираше и го одведе дуелот во продолженија.
Таму со психолошката предност и предноста од играч пвоеќе Викторија Плзен продолжи да доминира, голот за место во лигашката фаза беше дело на Крчиќ во 96. минута. Звезда сега европската епизода ќе мора да ја продолжи во Конференциската лига.