281
Реал Мадрид со победа над Севиља ќе избиеше на првото место, но на крајот во 94. минута се спасија од пораз. Зидан смета дека Севиља не требало да добие пенал.
„Не разбирам ништо од судијата. Ако имаше рака од Милитао, имаше рака и од Севиља“, вели Зидан.
„Не сум уверен во тоа што ми го кажа. Никогаш не зборувам за судиите, но денеска сум лут“.
„Заслуживме повеќе бидејќи во второто полувреме бевме спектакуларни и ќе се бориме до смрт до крајот на сезоната“.