176
За иднината на Зинедин Зидан се пишува со месеци, минатата недела се појавија гласини дека тој ќе замине од Реал Мадрид, но стратегот подоцна демантираше и изјави дека се уште нема решено.
Сепак, вечерва одново се појавија истите гласени. Добро упатениот новинар Фабрицио Романо пренесе дека Зинедин Зидан донел одлука и решил да го напушти кормилото.
Весникот АС се надоврза на сторијата и потврди дека паднала одлука. По последниот натпервар од сезоната, Зизу побарал неколку дена добро да размисли и денеска го информирал Флорентино Перез дека заминува. Французинот за својата одлука ги известил и играчите.