Жоан Гарсија кажал ДА, Тер Штеген е бесен и ќе „тргне во војна“ со Барселона

by bojan
1 минути читање

Жоан Гарсија донел одлука, голманот на Еспањол решил да ги одбие понудите од Англија и да се пресели на Камп ноу, ова ќе предизвика конфликт во Барселона, Марк андре тер Штеген е бесен и ќе „тргне во војна“ со клубот.

Неколку извори од Шпанија попладнево објавија дека Жаон Гарсија решил да се пресели во Барселона.

Голманот на Еспањол имаше неколку предлози од Премиерлигата (Арсенал, Манчестер Сити и Њукасл), но во консултации со семејството и агентот, решил дека најдобар следен чекор во кариерата е трансфер на Камп Ноу.

„Каталонците“ сега ќе треба да ја активира неговата откупна клаузула од 25 милиони евра и да го комплетира трансферот.

Оваа зделка ќе предизвика конфликт во редовите на актуелниот шампион на Шпанија со оглед на тоа што планот е Жоан Гарсија да биде прв голман, а Војчех Чесни негова замена.

Во вакво сценарио нема место за Марк андре тер Штеген, кој е бесен поради тоа што од медиумите дознал дека Барселона ќе ангажира нов голман и тој ќе треба да дреме на клупа или да си пронајде нов клуб.

Па Германецот се чувствува предадено и е подготвен да „тргне во војна“ со Барселона.

ФОТО: X/RCD Espanyol

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани